Леонардо Ди Карпио донираше 10 милиони долари за поддршка на Украина, земјата со која е длабоко поврзан бидејќи неговата баба по мајка, Хелен Инденбиркен е родена во Одеса како Јелена Степановна Смирнова.
Од таму со родителите во 1917 година мигрирала со родителите во Германија каде е родена и мајката на актерот.
Ди Каприо бил многу близок со својата баба која од самиот негов почеток во светот на филмот му била поддршка.
Хелен, починала во 2008 година на 93 години, а речиси до своите последни денови се појавувала со Леонардо на премиерата на неговите филмови. Информацијата за неговата поддршка на Украина тој не планирал да ја објави.
Сепак во јавноста било објавено од страна на меѓународната Вишеградска фондација, проект на Вишеградската група која има за цел финансиски да ги поддржува меѓународните иницијативи.
Актерот и продуцент, кој за Оскар е номиниран шест пати, со години до рубриката професија, пишува актер и еколог.