Девојката на Дарко Лазиќ вчера го прослави својот 20-ти роденден, а по тој повод пејачот сподели неколку фотографии од интимната прослава со свршеницата.
Славеничката Марина Гагиќ блескаше во црвен труднички фустан, додека пак пејачот носеше бела кошула и искинати фармерки.
-Најубав роденденски подарок, напиша Марина мислејќи на бебето кое го чека со Дарко.
Парот за неколку месеци ќе станат родители и го очекуваат синот кој одлучија да се вика Михаило.