петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Доказ од суд: Најбогатиот човек на светот добил близнаци со директорка на една од неговите компании, сега има 9 деца

Доказ од суд: Најбогатиот човек на светот добил близнаци со директорка на една од неговите компании, сега има 9 деца

Извршниот директор на Тесла и најбогатиот човек на светот, Илон Маск и директорката на една од неговите компании Шивон Жилис добиле близнаци во ноември 2021 година, пишува Бизнис инсајдер.

Жилис е директорката на компанијата Неуралинк која развива мозочни чипови, а во која соосновач и претседател е Илон Маск.

Како што се наведува во извештајот кој го пренесува Ројтерс, а повикувајќи се на судски документи, во април Илон и Шивон поднеле барање за промена на презимето на близнаците, а со цел да децата да им биде додадено татковото презиме.

Судијата во Тексас, како што се наведува, во мај го одобрил ова барање.

Во заклучокот од судските записи стои дека судијата на 11 мај потпишал „Налог за промена на името на повеќе деца“, по барањето кое на 25 април го упатиле Илон Маск и Шивон Жилис.

Во извештајот се наведува дека Жилис неодамна била означена како еден од главните кандидати на кои Илон планира да и го довери водењето на Твитер кој го купи за 44 милијарди долари.

Жилис има 36 години, а на нејзиниот профил стои дека е директор на операции и специјални проекти во компанијата Неуралинк. Почнала таму да работи во мај 2017 година, а истиот месец е именувана и за проект менаџер за вештачка интелигенција во Тесла каде работела до 2019 година.

Најбогатиот човек на светот, според овие информации, сега има девет деца. Со канадската пејачка Грајмс има две, а останатите пет со поранешната сопруга Џастин Вилсон.

Медиумите забележуваат дека Маск и Грајмс второто дете го добиле преку сурогат мајка во декември кога Маск кажа дека биле полу-разделени.

Од Ројтерс од Илон и Шивон побарале коментар, но двајцата не одговориле.

Најнови вести