понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Драматично најавија дека раскинуваат, па повторно се бакнуваат: Убавицата се врати во прегратки на “чудното“ момче

Драматично најавија дека раскинуваат, па повторно се бакнуваат: Убавицата се врати во прегратки на “чудното“ момче

Манекенката Џиџи Хадид и славниот музичар Зејн Малик повторно беа видени заедно, со што медиумите заклучуваат дека тие двајца ја обновиле својата емотивна романса.

Откако минатиот месец изјавија дека тие се разделуваат со официјално соопштение, сепак младиот пар очигледно си даде уште една шанса.

Овие пишувања се поткрепени со фотографиите од славниот пар како ужива во заедничкото време додека се шетаат по улица во Њујорк. Постојано се држеле за рака, а музичарот ја бакна својата поубава половина, па папараците успеале да го уловат и тој момент.

Нивната пауза не траеше многу долго со оглед на тоа дека пред еден месец по пат на Твитер ги известија своите фанови дека тие двајца не се повеќе заедно и дека во иднина ќе останат добри пријатели.

Коментарите за нивната врска се интересни и различни. Некои навиваат за нивната љубов, други се чудат како овој “чуден“ дечко си фати вака убава девојка.

Најнови вести