Фолкерот Радиша Трајковиќ Џани, наводно, денес бил однесен во полиција.
Имено, Џани бил уапсен во неговиот дом и однесен во полиција, пренесува Пинк.рс.
Сопругата на пејачот, Слаѓана Трајковиќ зборуваше за ова и објасни за што станува збор.
– Тоа е само глупост, тоа е сообраќаен прекршок, ништо повеќе. Тоа е парична казна што ја доби, а која беше платена, јас ги имам сите документи, тој има во телефонот што платил, но сега се прави само драма – рече Слаѓа и додаде:
– Не сме ние … Да не зборувам многу сега. Полицијата не дојде во станот да го уапси, тој отиде сам до станицата да го реши сето тоа – изјави Слаѓа за Пинк.рс.