сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џеј Ло повторно ја одложи свадбата: Размислувам дали бракот е вистинската работа

Џеј Ло повторно ја одложи свадбата: Размислувам дали бракот е вистинската работа

Џенифер Лопез повторно ја одложи свадбата со својот вереник, поранешниот спортисти Алекс Родригез.

-Сфативме дека нема причина за брзање. Требаше да се венчаме на почеток од годинава во Италија, тоа детално го испланиравме. Но, поради се што се случи, ја одложивме свадбата. Италија тогаш поради коронавирусот беше најлошото место во светот, изјавил Лопез во шоуто Енди Кохен.

Џеј Ло открила дека свадбата потоа била планирана кон крајот на оваа година, но и тие планови пропаднале.

-Се беше разочарувачки. Откажувањето на свадбата ни даде шанса повторно да размислиме што всушност сакаме во животот и дали бракот е вистинската работа. Се ќе се случи кога треба да се случи, заклучува Џенифер.

Најнови вести