Џенифер Анистон реагираше на коментарите на луѓето кои тврдат дека таа ја избрала кариерата пред родителството.
52 годишната актерка неодамна признала во едно интервју дека порано ваквите коментари многу лично ги сфаќала и често се нервирала.
-Луѓето често ги проектираат своите проблеми, но повеќе не ми е важно. Знаете, имам работа, свои пријатели, луѓе кои ги сакам и среќна сум. Претходно лично ги прифаќав гласините за мојата бременост и многу се нервирав, бидејќи луѓето не знаат што се случува во мојот живот. Не знаат ништо, ни од медицинска страна што се случува, зошто не можам да имам. Ништо не знаат, вели Џенифер.
Таа додала дека ја повредува потребата на луѓето да претпоставуаат работи поврзани за туѓите животи
Впрочем и самата Џенифер во 2018 година призна дека се откажала од идејата да стане мајка.