вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Едвај се спасил: Познатиот продуцент Сајмон Кауел доживеа тешка сообраќајна несреќа

Едвај се спасил: Познатиот продуцент Сајмон Кауел доживеа тешка сообраќајна несреќа

Познатиот член на жирито на британската шоу програма „Јас имам талент“, Сајмон Кауел, минатиот четврток итно бил пренесен во болница, пишува The Sun.

Тој наводно доживеал сообраќајна несреќа во близина на неговиот дом во западен Лондон додека возел електричен велосипед.

Според медиумите, Сајмон не носел кацига и паднал со брзина од 20 километри на час.

Сега е пуштен дома, но како што пишуваат медиумите, тој едвај “спасил жива глава“.

Кауел веќе имаше сообраќајка со велосипеди пред 18 месеци, кога сериозно го повреди грбот во Лос Анџелес. Неговата стара повреда сега е обновена, а докторите стравувале дека последици од нов удар можат да бидат страшни.

До доаѓањето на Брзата помош му помагале случајни минувачи, а се посомневале дека има потрес на мозокот и скршеница на раката.

„Сајмон е среќен што е жив“, изјави извор за Мирор.

Според овој соговорник, на Сајмон му „течела крв по лицето и личел на Фантомот од операта“. За среќа, Сајмон бил пуштен од болница, со гипс на раката.

Најнови вести