Иако денес е една од најубавите жени на српската страда, за Емина Јаховиќ се зборува дека има направено неколку естетски корекции.
Таа не зборува често на таа тема, но сега откри дека имала корекција на носот.
– Кога веќе станува збор за операции и корекции сакам да ви кажам од прва рака дека не себе немам направени ниту една пластична операција, освен корекција на носот, кој за прв пат го скршив кога имав 14 години. На 14 години не можев да се оперирам бидејќи коските на лицето се уште се развиваат, па морав да почекам итоа да го направам на 21 година- напишала Емина на Твитер.
Емина на Инстаграм објави и фотографија од детството на која изгледа речиси како момче.
Сепак многумина од фановите не и веруваат на пејачката дека има направено само една операција на себе.