Пејачката Емина Јаховиќ неодамна потврди дека врската со турскиот бизнисмен Садетин Саран е завршена.
– Ја раскинав таа врска, тоа е завршена приказна, ставивме точка на тоа. Тоа е, како да ви кажам, некако беше брзо после бракот. Имавме различни мислења за животот. Се разделивме како пријатели, во најдобри односи. Ние сме возрасни луѓе. Сега сум сама, слободна и посветена на семејството и својот бизнис, изјавува Емина за српскиот „Ексклузив“ не навлегувајќи во деталите поради кои се разделиле.
Сепак, турските медиуми имаат сознание дека до разделбата дошло бидејќи наводно турскиот богаташ бил скржав, па Емина ја носел само на евтини места.
Нејзе оваа вест јмногу ја разлути, па демантираше и се запраша како е можно на медиумите да не им досадило да измислуваат лаги, а истото го објави на својот Инстаграм профил.