Емина Јаховиќ им се пофали на своите многубројни следбеници на Инстаграм дека производите на нејзиниот козметички бренд одлично котираат на пазарот, откривајќи дека се соочила и со сериозни проблеми на професионален план.
View this post on Instagram
Имено, кога го креирала својот козметички бренд, покрај деноноќната тимска работа, пејачката се соочила со многу откажувања, жртви, борба со конкуренцијата, исправување на грешките и со непредвидени трошоци. Како што самата призна, поради сето тоа времето го поминувала плачејќи под јорганот.
View this post on Instagram
-Додека го создававме брендот, преживеав прекрасни мигови, но и многу тешки. Плачев, паѓав, не можев да дишам, бев анксиозна, по цели ноќи бев будна и сама. Сепак, продолжив да се борам и никогаш не ми падна на памет да се откажам. Сакам да додадам уште нешто… Не заборавајте да нанесете кармин на усните под маската. Во некој миг, сепак, ќе ја симнете од лицето“, духовито им порача пејачката на своите следбеници.