Како што пишуваат турските медиуми, судот во Истанбул го суспендирал случајот со Емина Јаховиќ, која го тужела својот поранешен сопруг.
Пејачката минатата година го тужела Мустафа, бидејќи не плаќал пари за алиментација за децата, меѓутоа, судот, како што се наведува, потврдил дека тоа не е вистина.
Бидејќи поднел контратужба, Сандал доставил и докази дека откако се развеле во 2018 година, уплатил 1.8 милиони турски лири (околу 115.000 евра).
Како што наведуваат медиумите од Босфор, половина од износот наводно е уплатен на сметка на пејачката, која добила старателство над нивните синови, додека останатите средства биле за изнајмување вила во предградието Чубуклу, која инаку му припаѓа на Сандал.
Судот констатирал дека Мустафа го плаќал школувањето на децата и сите останати потреби и дека српската поп-ѕвезда одлично заработува, благодарение на својата козметичка компанија.
На наредното судење ќе биде донесена одлука за отфрлање на тужбата, предвидуваат извори блиски на поранешниот пар.