Пејачката Емина Јаховиќ, која пред повеќе од две години се разведе од турската музичка sвезда Мустафа Сандал, наводно е во кавга со нејзиниот поранешениот сопруг.
Имено, Емина и Мустафа беа во брак 10 години, а пред тоа тие беа во врска четири години и имаат два сина – Јаман и Јавуз.
По разводот тие останаа во добри односи, што пејачката го истакна неколкупати, но нејзината врска со бизнисменот Садетин Саран, како што пишува „Стори“, бил столбот за почетокот на „војната“ меѓу поранешните сопружници.
Како што се наведува, Мустафа наводно не ја одобрувал врската со турскиот милијардер, а од тој момент односот меѓу нив се влошил, па дури и се одследиле на социјалната мрежа Инстаграм.