Емина поради обновената романса има проблем со поранешниот сопруг Мустафа Сандал кој е љубоморен поради тоа што неговите деца сега секојдневно се дружат со старо новото момче на мама.
„Емина и Садетин само кратко ја прекинаа својата романса и сега се повторно заедно поради тоа што сфатија дека не можат еден без друг. Откако еднаш се „изгореа“ кога јавно признаа дека се во врска, сега заљубената двојка молчи за обновената романса. По пет месеци врска во тајност Емина одлучила да ја прекина агонијата и тоа најмногу поради екс сопругот Мустафа кој направил хаос кога видел дека Емина заедно со децата оди на средби со Садетин, “открил извор близок до Емина и Садетин за медиумите.
-На Мустафа започнало да му пречи тоа што Јавуз и Јаман при нивните средби разговарале само за Садетин. Мустафа многу се изнервирал откако синовите му кажале дека Садетин одлично се однесува кон нив и дека ти обожуваат да одат со Емина на јахтата на милијардерот. Тогаш Мустава „побудалел“ и не сакал да ги врати децата кај Емина, дополнил изворот.