недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Еве каде ќе спие Жељко: Цеца за внукот направи колепка од чисто злато, а од цената ќе ви се заврти во умот

Еве каде ќе спие Жељко: Цеца за внукот направи колепка од чисто злато, а од цената ќе ви се заврти во умот

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откако имаше полни раце работа за организирање на свадбата на нејзиниот син сега најде време за да посвети за својот нероден внук кој доаѓа за неколку денови.

Инаку таа уште кога дознала дека Богдана е бремена им ветила подарок колепка за родителите.

-За да биде изработена пред да се роди Жељко пејачката својата идеја ја споделила со синот Вељко. Цеца заедно со него ја цртала истата со дизајн кој го посакала таа. Неколку денови траела целата замисла и сите детали за истата. Таа водела сметка се да биде перфектно објаснувајќи ги сите детали на дизајнерот, вели изворот близок до пејачката.

Колепката е рачно работена во странство, а на истата ќе биде изгравирано името на внукот.

Ваквите колепки чинат некаде и до неколку илјади евра, а Цеца на оваа тема се уште не се огласила.

-Цеца никогаш не зборува за цената на работите кои ги купува, па така и за оваа колепка цената не ја открила ниту на нејзините деца и снаа. Само за транспортот на истата ќе чини многу пари, додава изворот.

Најнови вести