четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Фановите му порачаа дека одлуката е прерана за него: Дарко Лазиќ откри што планира откако ќе се разведе од Ана Севиќ

Фановите му порачаа дека одлуката е прерана за него: Дарко Лазиќ откри што планира откако ќе се разведе од Ана Севиќ

Откако пејачката Ана Севиќ откри дека Дарко Лазиќ сè уште ги нема потпишано документите за развод, српските медиуми побараа одговор и од пејачот.

Според него, нема никакви проблеми околу бракоразводната постапка, тој сака да се разведе за да се ожени со Марина Гагиќ, но не знае да одговори кога би ги потпишал документите.

-Не би можел да навлегувам во детали, тоа се приватни работи. Нема проблеми, сè оди по својот тек. Не знам сигурно кога ќе се разведам…Штом се опоравам, изјавил пејачот за „Блиц“.

Ана Севиќ и Дарко Лазиќ пред точно една година склопија договор за развод, но пејачот уште не ги потпишал конечните документи. И пејачката планира свадба, која засега не може да ја организира.

Најнови вести