Американската поп-пејачка Аријана Гранде мораше да ја прекине својата турнеја „Sweetener“ за да му се посвети на здравјето.
Таа на Инстаграм објави дека е болна, а на обожавателите им откри дека чувствува силна болка уште од настапот во Лондон.
Популарната пејачка истакна дека „гласот и е добар, но поради болеста не можела да дише на сцената“. Поради влошување на состојбата одлучила да ги откаже настапите во Лексингтон и Кентаки.
Гранде открива и дека се уште не се знае кои се точно нејзините здравствени проблеми, но дека ќе објави штом има информации.