вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Фановите загрижени: Славната пејачка откри за каква болест станува збор

Фановите загрижени: Славната пејачка откри за каква болест станува збор

Славната пејачка Мараја Кери на своите фанови им откри една голема тајна, а тоа е дека таа се бори со растројство.

Дијагнозата ја дознала во 2011 година, откако побарала помош, а тој период од животот го опишува како најтешки години.

-До неодамна живеев во негирање и изолација со постојан страв дека тоа ќе се дознае. Тешко е да се носиш со тоа и јас едноставно повеќе не можев. Барав помош и добив лекување, се опкружувам со позитивни луѓе и почнав повторно да го правам тоа што најмногу сакам – да пишувам песни и да свирам музика, изјавила Кери за магазинот „Пипл“.

Таа додала дека продолжува со терапијата и пие лекови за биполарно растројство кои предизвикуваат период на депресија и хипоманија.

-Изгледа дека лекот кој го користам е многу добар. Не се чувствувам претерано уморно. Пронаоѓањето на рамнотежа е најважно. Долго мислев дека имам сериозно пореметување на сонот, но тоа не беше нормална несоница. Работев, работев и работев. За време на депресивните периоди немав енергија, се чувствував осамено и тажно, дури и виновно бидејќи не го правев тоа што треба да мојата кариера, додава пејачката.

Најнови вести