Веста дека Дарко Лазиќ и Ана Севиќ и официјално се разведоа го обиколи регионот, а сето тоа поради шпекулациите за нивниот однос.
По официјалниот развод се огласи Дарко Лазиќ, а сега време е да се огласи и Ана Севиќ која вели дека и официјално парот се развел.
-Дарко и јас официјално се разведовме како целиот цивилизиран свет. Се беше најнормално и најкултурно. Што се вели во пријателска атмосфера. Ние се решивме уште одамна, ова беше само папиролошки,вели Ана.
Таа додава дека со Дарко и во иднина ќе има коректен однос пред се поради нивната ќерка.
-Драго ми е што јас и Дарко имаме цивилизиран и нормален однос, а така ќе биде и во иднина. Нема потреба да биде поинаку. Со обѕир на тоа што се шпекулира во медиумите дали повторно ќе застанам на лудиот камен ќе кажам само дека за плановите со Даниел не би зборувала, вели Ана.
Фановите инаку се збунети од овие зборови и велат дека таа не може да се помири дека Дарко чека дете со 20 годишната свршеница.