Британскиот „Вог“ повторно го украде целото внимание. Се чини дека новиот главен уредник на британската модна библија, Едвард Енинфул реди само успеси, бидејќи третата по ред насловна страница под негова диригентска палка предизвика неверојатен интерес.
Откако на првата насловна страница ја стави проблематичната манекенка Адвоа Абоа со која предупреди на проблемот со дискриминација во модниот свет, а на втората се појави Тејлор Свифт која изминатата година од голема ѕвезда стана озлогласена дама поради низата трачеви на своја сметка, на третата се најдоа сестрите Хадид кои се добро познати во модниот свет.
Иако девојките имаат исти професии, ова е прв пат тие да позираат заедно, но позата во која се фотографирани на некои воопшто не им се допаѓала.
-Оваа фотографија е чудна и поради тоа воопшто не сакам да го купам магазинот, е само еден од коментарите под фотографиите на Инстаграм.
И тоа секако е точно, но споменатите манекенки го постигнале токму она што го сакале – да се зборува за нив на сите страни, не само во модниот свет.
Фановите не штедат на жестоки критики. Тие велат дека ова би било секси фотографија ако позираат маж и жена или во друг случај, две жени или двајца мажи, но никако сестри!
-Зарем овие сестри симулираат секс?
-Ова е одвратно. Вие сре прљави дами!
-Не можам да разберам што е убаво во оваа фотографија! Па ова е чекор до инцест.
Ова се само дел од жестоките коментари, а нив ги има премногу.