Анџелина Џоли се појави во јавноста по долгас пауза и разводот од Бред Пит. Неодамна се откри дека таа и Пит се во подобрени односи.
Таа носи модерен кафеав фустан и маска, додека пак нејзината 11-годишна ќерка Вивиен носела фармерки, маица и еспадрили. Обете носеа маски за лице и отидоа во продавницата во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес.
Патем, Анџелина неодамна зборуваше за нејзиниот развод од актерот Бред Пит. „Се разведовме за доброто на моето семејство.
– „Тоа беше вистинската одлука. Јас ќе продолжам да се фокусирам на нивното заздравување“, изјави таа за индиското издание на Вог. Таа истакна дека нејзините деца се многу храбри и силни млади луѓе. Пит неодамна беше виден како излегува од куќата на Анџелина, а извор близок на парот изјави дека поранешните сопружници се конечно во добри односи. „Тие изодеа долг пат и конечно се во позиција каде што двајцата сакаат да работат заедно за да ги воспитуваат своите деца добро“, рече таа.