среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Антониа Гиговска објави прва фотографија со синот, откри и какво име му дале

ФОТО: Антониа Гиговска објави прва фотографија со синот, откри и какво име му дале

Македонската пејачка Антониа Гиговска вчера се породи со своето прво дете и на свет донесе син.

На среќата на гордите родители, на кои ова им е прво дете, им нема крај. Откако вчера тато Роберт ја објави среќната вест, денеска се огласи и Гиговска.

-Киан. Здраво на сите. Сакавме малку момент за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вчера во 12:05 наутро, ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш. Ти си мојот крал, мојот Зазу, мојот малечок, мојот син. Те сакаат мама и тато и никогаш нема да те остават сам, напиша Гиговска на Фејсбук.

Пејачката се породи вчера во приватна болница, а гордиот татко Роберт Спасенцовски прв ја објави информацијата на своите профили на социјалните мрежи.

Најнови вести