Еден од најголемите хитови на „Бјело дугме“ пее за Селма Бориќ, госпоѓа која навистина постои и денес живее во Загреб.
Има 89 години и како што има кажано во едно интервју е осамена бидејќи сите кои и значеле си заминале од овој свет.
Селма деновиве во својот дом ја посети Жељко Бебек, кој постави нива заедничка фотографија на Инстаграм.
-Во посета на мојата драга Селма, напиша Бебек и повторно предизвика бура од емоции на социјалните мрежи.
Ова не е прва средба на Бебек и Селма, тие се сретнаа и во 2012 година, 38 години по создавањето на познатата песна.