понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Беше нашата миленичка од шпанските серии, а потоа стана зависник од дрога и преживеа пекол

Летиција досега беше во два брака. За време на вториот брак со адвокатот Хуано Коладо доби близнаци, Лусијано и Карлос, а се разведоа во 2010 година, по осум години брак. Малиот Лусијано е роден со Даунов синдром, поради што Летиција во 2005 година направи долга пауза во кариерата и се посвети на грижа за синовите.
ФОТО: Беше нашата миленичка од шпанските серии, а потоа стана зависник од дрога и преживеа пекол

Актерката Летиција Калдерон јавноста секогаш ќе ја памти по улогата во култната шпанска серија „Есмералда“ која во 90-тите ги залуде сите на Балканот.

Исто така, за време на снимањето на популарната серија, Летиција имала 29 години, а тогаш беше на врвот на својата актерска кариера.

Иако веќе не е така популарна како што беше тогаш, 49 годишната дама и понатаму активно глуми во сапуници.

Сепак, дека славата и богатството може да „се удрат од глава“ призна и самата таа која уште во 2014-та открила дека за време на снимањето на „Есмералда“ се борела со зависноста од кокаин.

-Бев млада, на врвот на кариерата, полна со пари и се ми беше достапно. Непромисленоста можеше да ме чини живот, раскажа актерката при гостување во една мексичка емисија. Нејзината борба траеше долго време, а од пеколот на дрогата се извлекла дури кога нејзината најдобра пријателка го изгубила животот поради преголема доза, а умрела на нејзини раце.

Летиција досега беше во два брака. За време на вториот брак со адвокатот Хуано Коладо доби близнаци, Лусијано и Карлос, а се разведоа во 2010 година, по осум години брак. Малиот Лусијано е роден со Даунов синдром, поради што Летиција во 2005 година направи долга пауза во кариерата и се посвети на грижа за синовите.

Иако болеста на синот имало големо влијание на нејзиниот живот, актерката се помири со ситуацијата уште од неговото раѓање и никогаш не се осудила да праша зошто баш нејзе и на нејзиното дете му се случила ваква судбина.

Најнови вести