Жерар Пике (36) го навлече гневот на јавноста откако излегоа детали за разделбата со колумбиската пејачка Шакира (46).
Тој сега ужива со љубовната врска со младата Клара Чиа (24) со која летува во Хрватска, а друштво им прават и неговите родители кои од почетокот ги поддржаа.
Хрватските медиуми ги фатиле во близина на Дубровник, каде уживале на јахтата Азимут, која ја изнајмиле.
Пике и Клара се забавувале со игри во водата, а во еден момент во преден план била истакната и нејзината задница.