четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек си направија заеднички тетоважи за „Денот на вљубените“

ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек си направија заеднички тетоважи за „Денот на вљубените“

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, кои се венчаа во летото 2022 година, го прославија својот прв „Ден на вљубените“ како брачен пар.

Колку овој ден беше важен за „Бенифер“, како што медиумите ги нарекоа кога првпат беа заедно на почетокот на 2000-тите, покажува и тоа што на празникот што го слави љубов тие одлучиле повторно да ја докажат својата посветеност еден на друг.

Латино дивата Џеј Ло сподели повеќе фотографии на Инстаграм со порака:

„Посветеност. Среќен ‘Ден на вљубените’, љубов моја.“

На првата фотографија ја гледаме Џенифер како ја покажува својата нова тетоважа – симбол на бесконечност прободен со стрела, а таа одлучила да го наслика телото под градите. На едниот дел од симболот пишува „Џенифер“, а на другиот „Бен“.

Новата тетоважа сега се наоѓа и на телото на Афлек, а тој одлучил цртежот на две вкрстени стрели со почетните букви од нивните имиња да биде под пазувите.

Додека Џенифер Лопез не е голема обожавателка на тетоважи, нејзиниот сопруг има голема тетоважа за која многу се зборуваше пред неколку години. Имено, Бен Афлек има огромен и шарен феникс по целиот грб, а Џеј Ло еднаш изјави дека тоа воопшто не ѝ се допаѓа.

„Ужасна е! И тоа би му го кажала! Што правиш? Има премногу бои! Неговите тетоважи секогаш имаат премногу бои. Не треба да бидат толку шарени, знаете на што мислам? Тие треба да бидат, веќе знаете, кул“, го прозва Џенифер во својата изјава.

Афлек првпат ја покажа својата тетоважа во 2015 година, по разводто со актерката Џенифер Гарнер, а на интернет дури се шпекулираше дека е лажна.

Најнови вести