Кевин Трап и Изабел Гулар во љубовна врска се од 2015-та година, а минатата година се верија.
Голманот на ПСЖ, Кевин Трап, кој минатата година ги бранеше боите на Ајнтрахт од Франкфурт како позајмен играч, одлучил како и поголемиот број на фудбалери ширум светот, својот одмор да го помине на Миконос.
Овој грчки остров е вистински рај за фудбалерите, кои редовно се „чекираат“ таму, а и за папараците кои ја користат секоја прилика да забележат интересни кадри.
Трап и неговата вереница разменувале нежности, се прегрнувале, се бакнувале, а папараците постојано биле таму и ги следеле.
И двајцата се „чекирале“ на Миконос и на своите Инстаграм профили.
Изабел со нејзиното провокативно видео каде што нејзиниот задник е во прв план, а Трап на маса за пинг понг.