ФОТО: Криси Тајген го загуби бебето, објави трогателни слики од болница
watch_later
01. октомври 2020. @
08:45 timelapse 6 мин.
Манекенката Криси Тајген ја шокираше јавноста откако на социјалните мрежи објави дека го загубила бебето. Пред неколку дена таа беше примена во болница поради крварење кое траело повеќе од еден месец во текот на бременоста.
Криси објави фотографии на која е заедно со сопругот, музичарот Џон Леџенд и откри како се чувствуваат.
-Не успеавме да го запреме крварењето и да му ја дадеме на бебето течноста која му е потребна и покрај трансфузијата на крвта. Едноставно не беше доволно. Никогаш не одлучуваме како ќе се вика детето додека не се роди, односно пред да ја напуштиме болница, но од некоја причина ова момче во мојот стомак го нарековме Џек. Засекогаш ќе остане Џек. Џек силно се трудеше да биде дел од нашето семејство и засекогаш така ќе остане, напиша Криси.
Таа нагласи дека е благодарна што имаат две прекрасни деца Луна и Милеса, но е свесна дека не може секој ден да биде совршен.
-Во овие најтешки денови од нашите животи, ќе жалиме и плачеме, но ќе се прегрнеме најсилно и ќе се сакаме, така ќе поминеме низ ова, напиша манекенката.