среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Мила Кунис и Ештон Качер разговараа со Зеленски

ФОТО: Мила Кунис и Ештон Качер разговараа со Зеленски

Холивудските глумци Мила Кунис и Ештон Кaчер пристапија во разговор со Володимир Зеленски откако преку интернет-страницата „GoFundMe“ собраа речиси 35 милиони долари.

Брачната двојка вчера го оствари видеоразговорот со претседателот на Украина. Зеленски истакна дека е благодарен за нивната поддршка и рече оти тие се инспиративни.

Мила Кунис, инаку, е родена во Черновци, Украина, 1983 година, но нејзиното семејство се преселило во САД во 1991 година. Двојката претходно рече дека самите тие ќе издвојат три милиони долари од своите парични средства за фондот.

Најнови вести