Викторија и Дејвид Бекам купуваат луксузна вила на Јадранот, поточно во околината на Тиват во Црна Гора.
Двојката неодамна испратила официјално барање до агентите да изготват понуда за вилата во околината на Тиват, која веќе извесно време се продава, објави Телеграф.рс.
Луксузната вила се наоѓа во градот Доња Ластва, од каде што има неверојатен поглед на морето. Имотот се протега на 4.200 метри квадратни.
Изграден е во четири основни нивоа кои меѓусебно се поврзани со лифт. Во дворот, покрај базенот, има и градина украсена со разни растенија, но најинтересно е што во дворот има маслинка стара помеѓу 800 и 1.000 години.
Внатрешноста на вилата се состои од дневна соба, од која има поглед на градот и морето, кујна и седум соби, теретана и многу други забавни содржини. Цената на вилата е 12 милиони евра.