Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима и неговата 14 години помлада вереница Селина Локс биле снимени на летен одмор во Форментера, Шпанија.
Парот разменувал нежности додека се капел во вода, а многумина забележале дека 46-годишниот Роналдо изгледа непрепознатливо.
Кон почетокот на годината, поранешниот фудбалер ја запросил манекенката на Карибите, по што таа објави фотографии од нив двајца на кои се гледа и вереничкиот прстен.
„Да, се согласувам. Те сакам, засекогаш“, напишала Селина под објавата.
View this post on Instagram
Беше 3 пати во брак, има 4 деца
Роналдо зад себе има 3 брака – првиот е со Милен Домингез со која го има 23-годишниот син Роналд, со Марија Беатриз Ентони има 2 ќерки – 15-годишната Софија и 14-годишната Алис, додека со Мишел Умези имаше кратка авантура и го доби 18-годишниот син Александер.
Беше оженет и со Даниел Чичарели. Со Селина, Роналдо е во врска веќе 7 години.