петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се ожени по четврти пат

Роналдо се ожени по четврти пат

Поранешниот најдобар светски фудбалер Роналдо се ожени со манекенката Селина Локс, која е 14 години помлада од него. Парот се венча на романтична церемонија на Ибица.

Двајцата се запознале во 2015 година и од тогаш се во врска.

Ова е четврти брак за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој долго беше во врска со глумицата Сузана Вагнер, две години живееја заедно, сепак, врската „пукнала“, а потоа бразилскиот фудбалер се ожени со фудбалерката Милена Домингез. Тој брак траел четири години, а после разводот ја запознал Даниела Сикарели со која се венчал во Франција, а бракот траел само неколку месеци. Ни тоа не му било доволно, па се оженил со Марија Беатриз која откривал дека сопругот ја изневерува и ја раскинала врската.

Сега Роналдо повторно застанува на „лудиот камен“ – по четврти пат.