вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кака: Роналдо во Бразил го гледаат само како – дебелиот човек кој шета по улица!

Кака: Роналдо во Бразил го гледаат само како – дебелиот човек кој шета по улица!

Легендарниот плејмејкер Кака, еден од низата светски прваци кои се во ВИП-ложата на стадионите во Катар како поддршка на „кариоките“ истакна дека феноменот Роналдо многу повеќе го ценат надвор од Бразил отколку во татковината, иако беше клучен за светската титула во 2002 година со девет гола, меѓу кои и еден во финалето.

Кака сите ги шокира со ставот дека многу бразилци не го почитуваат доволно Роналдо, ама и дека многу Бразилци не навиваат за Бразил, што е дури и неверојатно.

„Чудно е ова да се каже, ама многу Бразилци не навиваат за Бразил. Ако вие го видите Роналдо како шета во близина во вашето соседство ќе се возбудите, ќе викате „вау“, ама во Бразил е друга ситуацијата. Во Бразил ќе биде само – дебелиот човек што шета по улица! Не велам дека не го ценат, има многу Бразилци кои го сакаат Роналдо, јас го сакам Роналдо, ама начинот на кој го гледаат во Бразил и на било кое друго место е различен. Јас гледам дека него многу повеќе го ценат на страна отколку дома“, рече Кака.

Плејмејкерот посочи дека во моментов Нејмар го има најголемиот проблем со почитта во татковината и тоа поради – политика! Нејмар јавно го поддржа Жаиро Болсонеро, десничарскиот претседател кој ја загуби неодамна власта.

„Во моментов многу луѓе зборуваат во Бразил за Нејмар, ама на – негативен начин. Дали е тоа поради политичките стојалишта? Можеби и поради политика, ама јас мислам дека многу повеќе е што ние Бразилците понекогаш не го препознаваме талентот“, додава Кака.