Аплскиот скијач Антонио Ристевски кој под боите на македонското знаме има настапувано и на Олимписки игри, неодамна стапи во брачните води.
Кој крајот на минатиот месец, тој и неговата поубава половина Софиа, го кажаа судбоносното „ДА“ откако скијачот ја запроси минатата година.
Заљубениот пар на социјалните мрежи објави неколку фотографии од тоа како помина нивниот посебен ден. За изгледот на неговата сопруга, која е вистинска убавица, сите имаат само пофални зборови.
Атмосферата во еден од скопските ресторани каде се одржала прославата, била одлична за што се погрижиле и младите кои во својот прв танц ги воодушевиле присутните гости.