Вдовицата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, Ванеса, поднела тужба против одделението на шерифот во Лос Анџелес и шерифот Алекс Вилануеве поради недозволено објавување на фотографии од местото на хеликоперската несреќа во која животот го загубија кошаркарот, нивната 13- годишна ќерка Џиана и уште седум лица.
Како што пренесуваат американските медиуми, тужбата е поради нанесена душевна болка, мешање во приватноста и невнимание, а е поднесена во четвртокот пред судот во Калифорнија.
По хеликоптерската несреќа која се случи на 26 јануари се појавија информации дека осум припадници на полициското одделение во Лос Анџелес се обвинети дека делеле фотографии од местото на несреќата, а дека еден од нив се фалел со фотографиите.
Медиумите пренесуваат дека на полицајците им било наредено да ги избришат фотографиите, но официјална истрага не е покрената. Во тужбата на Ванеса се наведува дека канцеларијата на шерифот настојувала да прикрие недозволени постапки на своите вработени, но се изразува и сомнеж дека фотографии од местото на несреќата се уште постојат.