петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Тага во домот на Слоба Радановиќ, почина таткото на пејачот – Ќе настапи ли вечер со Цеца?

ФОТО: Тага во домот на Слоба Радановиќ, почина таткото на пејачот – Ќе настапи ли вечер со Цеца?

Српскиот пејач Слоба Радановиќ преку социјалните мрежи сподели тажна информација. Неговиот татко Душко, починал денеска.

-Нека те чуваат ангели, најдобар мој татко. Да можев да бирам татко, не би можел да изберам подобар. Ти благодарам што ми подари живот и што секогаш беше тука за мене. Беше меѓу најдобрите души кои некогаш оделе на земјата. Горд сум што баш ти си мој ТАТКО, во вистинска смисла на зборот. Почивај во мир. Многу те сакам, најмногу на светот. Ќе ми недостигаш секој ден. Твојот син, напиша Слоба на Инстаграм.

Пејачот дочекот на Новата 2020 година требаше да го помине работно. Тој имаше закажан настап во еден белградски хотел заедно со Цеца Ражнатовиќ.

Иако се уште не е потврдено официјално дали Слоба ќе го откаже вечершаниот настап, дел од српските медиуми пишуваат дека пејачот сепак ќе настапи, бидејќи тоа би било желба и на неговиот татко.

Најнови вести