Начинот на кој тенисерот Новак Ѓоковиќ ја запросил сопругата Јелена по многу нешта бил невообичаен.
Ноле по неколку години врска одлучил да ја запроси Јелена. Го смислил целото сценарио, но се не се одвивало според планираното.
– Изнајмив два балони, во едниот бевме јас и Јелена, а другиот требаше да пушти порака на која пишува: „Ќе се омажиш ли за мене“. Проблемот настана кога балонот се запалил! Јелена почна да паничи: „О Боже! Имаме дупка во балонот!“ – рекол Ноле во емисијата на Греам Бесинџер.
Ноле е еден од спортистите со најдобра концентрација, што се докажало и во оваа ситуација. Тој не дозволил овој ненадеен настан да го исфрли од фокусот и се свртел кон човекот кој управувал со балонот.
– Се свртев кон возачот и му реков „Ве молам помогнете. Ќе ја пропуштам шансата. Во тој момент се појави уште еден балон со порака. Кога Јелена се сврте да види што пишува, клекнав и го извадив прстенот. Така се веривме, изјави Ноле.
А едно од најубавите и најлудите искуства во нивните животи Јелена го опиша од нејзина гледна точка.
– Тогаш видов уште еден балон на кој се појави, како што мислев тогаш, реклама. Помислив „Дали тој е луд, што ќе прави оваа реклама во тоа време“, а потоа само прочитав што пишува. Се свртев, а тој веќе клечеше со прстенот, открила Јелена.
Парот се венчаше во 2014 година на Свети Стефан.