среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Го покажа доказот јавно, па сите се плашат како ќе реагира сегашната: Лазиќ се пожали дека не ја видел ќерката, Ана имаше што да му порача

Го покажа доказот јавно, па сите се плашат како ќе реагира сегашната: Лазиќ се пожали дека не ја видел ќерката, Ана имаше што да му порача

Пејачот Дарко Лазиќ во српската емисија „Премиера викенд“ тврдеше дека ќерката Лорена која ја има од бракот со Ана Севиќ не ја видел година дена, па веднаш се огласи и поранешната негова сопруга.

Српските медиуми пишуваат дека таа по оваа изјава на поранешниот сопруг буквално доживеала шок, а потоа и ја докажала големата лага на Лазиќ.

-Ана толку многу полуди кога ја слушна неговата изјава што мораше и да ја демантира веднаш. Потоа реши да прикачи фотографија од Дарко и Лорена на Инстаграм, открива извор близок до пејачката и водителка.

Инаку Ана на фотографијата напиша дека Дарко бил со Лорена на 17 јули 2020 година на нејзиниот роденден во неговото родно село.

По ова социјалните мрежи беа преплавени и со коментари како ли ќе реагира сегашната сопруга на Дарко откако ќе дознаат дека тој се уште си праќа фотографии со поранешната.

Најнови вести