Драшко Станивуковиќ (28) ја поканил Кија Коцкар (32) на Копаоник, но таа го одбила!
Според тамошните медиуми, градоначалникот на Бања Лука и понудил на пејачката да оди на зимски одмор во моментот кога имаше криза во врската со Тања Савиќ (36).
Со победничката во „Задруга 1“, Кија Коцкар, медиумите го поврзуваа градоначалникот минатото лето.
-Неодамна и понуди да одат заедно на Копаоник на неколку дена. Кија тогаш му одговири “Не ми се јавувај повеќе, имам момче. Нема да патувам никаде со тебе, ниту сакам да се видиме”. Кога сфатил дека е сериозна, престанал да и се јавува, вели извор за српските медиуми.
После тоа Станивуковиќ ја повика Тања Савиќ. Пејачката се израдувала и веднаш го поканила во нејзиното село Радинац.
-Драшко и Тања тогаш ја обновија врската. Тие денови беа направени заеднички фотографии и објавени во медиумите. Тања нема поим дека нејзиниот дечко и се јавил на Кија пред кратко време, ја завршува приказната изворот.