вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Холивуд и денес го слави Божиќ: Светски sвезди кои се православни

Холивуд и денес го слави Божиќ: Светски sвезди кои се православни

Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, на 25 декември. Оние што не го прославуваат се претежно атеисти, но неколку од нив го слават и православниот Божиќ, кој се слави денес.

Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон. Таткото на Џенифер е роден како Јанис Анастасакис на Крит. Актерката давала и многу добротворни донации на црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

Манекенката Наоми Кембел стана православен верник во руската православна црква додека беше во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.

Кога по втор пат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс реши да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е родена во Албанија, но има грчко потекло.

фото: профимедиа

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, четврта генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле на територијата на која се наоѓа денешна Турција.

Актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Том Хенкс и ја смени верата од љубов кон моделот со српско потекло, Сиби (Сандра) Блажиќ. Тој ја прифати православната вера откако се ожени со Сиби, уште во 2000 година.

Извор: Слободен печат

Најнови вести