четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Холивудскиот актер Шон Пен ја напушти Украина: Ја објави оваа фотографија

Холивудскиот актер Шон Пен ја напушти Украина: Ја објави оваа фотографија

Информацијата дека актерот Шон Пен се наоѓа во Украина за да снима документарец за воената состојба го обиколи светот. Меѓутоа, актерот објави на Твитер дека е евакуиран.

Добитникот на Оскар, претходната недела отпатува во Украина за да снима документарец.

На Твитер објави фотографија на која турка куфер додека оди покрај пат бидејќи не можел да се движи со автомобил поради огромниот метеж и автомобили кои се движеле кон границата со Полска.

-Двајца колеги и јас одевме до границата со Полска бидејќи ги оставивме автомобилите покрај патот. На оваа фотографија, во автомоблите се само жени и деца, а повеќето од нив немаат никаков багаж, а само автомоблите се вредна работа која ја поседуваат, напиша Пен на Твитер.

Шон Пен веќе со месеци се занимава со документарец посветен на тензиите меѓу Украина и Русија.

Најнови вести