Иако можеби од нив тоа се очекува, досега мал број познати личности го изразија своето мислење за протестите во Белград, но и за она што се случува и во останатите градови во Србија.
Сепак, доцна вчеравечер, балканската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи на својот Инстаграм профил со своја објава.
Таа сподели фотографија на која болничар му го брише лицето на еден припадник на полицијата, со текст во кој се вели дека короната нè убива и дека треба да бидеме достоинствени во несогласувањето.
„Ова не се две Србии! Ова е една единствена, наша Србија. Не убива короната,ужаснати сме од насилството, шокирани сме од уривањето, срамни фотографии од нашата убава земја заминуваат во светот! Со камен на пендрек, со пендрек на камен – не смееме тоа да го дозволиме! Забораваме дека треба да ги заштитиме и другите и себеси од короната, но очигледно и од нас самите! Да си помогнеме самите на себе! Не го уништувај го твојот град – срамота е! Поединци не ги напаѓајте новинарите и полицијата – срамота е! Поединци не ја срамете униформата – срамно е! Не ги повредувајте другите – срамно е! Секој мора да има право на свое мислење, без да загрози некого или да биде загрозен ! Да бидеме достоинствени и во несогласувањето, господ Бог може нека не сочува! Да живее Србија!“ – напиша Цеца на својот профил на Инстаграм.
Позната пејачка беше фатена и на папарацо фотки, каде се гледа дека не носи маска. Таа беше критикувана дека не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.
„Каде ти е маската?“, беше најчест коментар на сликата на позната пејачка.