петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И КАМЕН БИ СЕ СТОПИЛ: „Мојата сестра Лана, не ја допирај“, Луна и бебето дојдоа дома, реакцијата на Миа е чиста љубов

И КАМЕН БИ СЕ СТОПИЛ: „Мојата сестра Лана, не ја допирај“, Луна и бебето дојдоа дома, реакцијата на Миа е чиста љубов

Луна Џогани која пред неколку дена се породи со втората ќерка на која и го дадоа името Лана, денеска излезе од болница.

Сопругот Марко Миљковиќ ги земал од болница, по што се упатиле кон семејниот дом каде ги чекала нивната прва ќерка, сега постара сестра, две годишната Миа.

Парот, пред породувањето на Луна, истакнуваше дека ја подготвуваат Миа за она што следува, доаѓањето на нејзината сестра. Токму затоа нивните обожаватели со нетрпение ја очекуваа реакцијата на малата Миа кога за првпат ќе ја види својата сестра.

На воодушевување на гордите родители, Миа се чини едвај чекаше да ја запознае својата малечка сестра и да ја чува. Нејзината реакција која ја покажува кон Лана многумина веќе коментираат дека е чиста љубов која и камен би стопила.

-Дај ми ја мене. Тоа е мојата сестра Лана, немој да ја допираш, таа е моја. Моја е, немој да ја земаш. Јас и ја ставив цуцлата. Има убави нозе и раце. Многу е малечка, со восхит коментира Миа додека ја држи сестра си.

Таа ја подели својата омилена играчка со Лана, а за неа имаше и многу бакнежи.

Во еден момент, на видеото кое го објавија Луна и Марко на својот ЈуТјуб канал, Миа и вели на својата мајка, која ја пречека со цвеќе, дека е многу убава.

Најнови вести