Славната пејачка Џеси Џеј вчера фановите на својот Инстаграм профил ги почести со врела фотографија во бикини н која се гледа нејзината тетоважа.
Пејачката во својот опис напиша дека станува збор за текст од песната „who you are“.
За да не е мета на хејтерите таа веднаш во описот напиша дека нејзината тетоважа е напишана погрешно бидејќи ја правела по грешка на 18 години.
Се работи за зборовите „Dont loose who you are in the blur of the stars“, „Немој да се загубиш себе си во маглата од ѕвезди“.
Па така зборот „Loose“ требало да биде „Lose“, но сепак пејачката вели дека и ден денес не знае што е разликата меѓу двата збора.
Поради оваа тетоважа таа вели дека од секогаш носи костим за капење кој и ја покрива истата за да не и се потсмеваат фановите.