вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Избегаа од роденденот на Цеца, па Вељко и Богдана јавно разменуваа нежности во Барселона, а Анастасија им го порача ова на вљубените

Избегаа од роденденот на Цеца, па  Вељко и Богдана јавно разменуваа нежности во Барселона, а Анастасија им го порача ова на вљубените

Иако е млад, Вељко Ражнатовиќ ја најде девојката со која сака да го помине целиот свој живот. Во прашање е Богдана Родиќ која боксерот ја сврши и така стави јасно до знаење дека има сериозни намери кон неа.

Таа веднаш откако го доби прстенот, се пресели во вилата на Ражнатовиќ на Дедиње каде живее заедно со Анастасија и Цеца Ражнатовиќ, односно со свектрвата и золвата.

Вељко овој пат на својот Инстаграм профил сподели заедничка фотографија со саканата во Барселона. На фотографијата се гледа како тој ја држи во рацете и страство се бакнуваат. Вељко за оваа фотографија напиша:

-И кога дождот паѓа, твоите усни ми требаат, да ме смират со својот нежен допир, ги цитираше стиховите на популарната песна.

Тогаш, фотографијата ја коментираше и неговата сестра Анастасија. Таа остави срценце за снаата и братот кои заминаа на уживање далеку од Србија и затоа не беа присутни на роденденот на мама Цеца.

Најнови вести