Познатата српска пејачка Емина Јаховиќ неодамна го објави својот нов дует заедно со Наташа Беквалац „Машки веќе не можам“ која веднаш доживеа голем успех, а со оглед дека вредно работи и настапува пејачката реши да се почести со недвижност која долго ја посакувала.
Имено таа пазарила дел од ексклузивниот комплекс кој се уште се гради во самиот центар на Златибор, а својот нов простор ќе може да го уреди според своите желби и потреби пред да биде целосно изграден.
Емина според српските медиуми овој имот го купила додека не била во врска со турскиот милијардер Седатин Саран, па се претпоставува дека го купила од своите заработени пари.