Поранешната прва дама на САД Мишел Обама преку својот Инстаграм профил со необична честитка му посака добредојде на третото дете на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон.
-Барак и јас сме воодушевени што можеме да им честитаме за приновата на војводата и војвотката од Кембриџ. Се надеваме дека наскоро ќе го запознаеме на пижама парти во кралската палата. Јас ќе ја облечам мојата домашна ноќница, стои во честитката на Мишел.
Инаку да потсетиме дека Мишел со оваа порака алудираше на нивната посета со Обама на кралското семејство во 2016 година кога го запознале принцот Џорџ кој пред нив се појавил во пижами и собни папучи и така се ракувал со американскиот претседател и првата дама.