Пејачката Јелена Карлеуша денес 17 август го слави 42-от роденден, а честитки и подароци доаѓаат од сите страни.
Од минатата ноќ, поточно после полноќ, Јелена ги споделува објавите на своите пријатели на Инстаграм, кои за овој прекрасен повод и упатија честитки, а на нејзината адреса пристигнаа и неколку убави букети цвеќиња.
Постарата ќерка на пејачката Атина Тошиќ објави заедничка фотографија со својата мајка и и честиташе за роденденот, што особено ја разнежни пејачката, која е многу блиску со нејзините наследнички.
Среќeн роденден мама, да бидеш жива и здрава уште 10.000 години ,напиша Атина и додаде неколку срца, а Јелена во коментар и напиша: „Мамина убавица“.