среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јоце Панов се жени

Јоце Панов се жени

Македонскиот пејач Јоце Панов реши да стави крај на ерегенскиот живот и по 10 годишна врска да стави потпис во матично и да „заплива“ во брачните води.

Имено, Јоце и неговата девојка Марина Нацевска започнале да се забавуваат пред 10 години, а сега нивната љубов одлучиле да ја крунисаат со брак.

-Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина, изјави Јоце Панов за “Вечер” .

Панов бил романтичен, па запросувањето се случило покрај море во Турција, а деновиве двајцата се подготвуваат за свадбата која ќе се случи на 25ти август во познат скопски ресторан.

За потсетување, Јоце пред некое време го промовираше својот нов албум „Ни Љ од љубов“. Тој често знае да запее на туѓа свадба, а дали ќе пее на својата останува да видиме.

Најнови вести