сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јовиќ го избркаа од репрезентација поради Софија, па ѝ раскинал: Нема да правиш будала од мене!

Јовиќ го избркаа од репрезентација поради Софија, па ѝ раскинал: Нема да правиш будала од мене!

После двомесечна романса со преубавата српска манекенка Софија Милошевиќ, српската ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ја раскинал врската и повеќе не е во љубов со згодната белграѓанка, објавија дел од српските таблоиди.

Поради Милошевиќ, која е поранешна девојка на соиграчот на Јовиќ од репрезентацијата Адем Љаиќ, напаѓачот на „кралевите“ повеќе го нема на списокот кај селекторот Љубиша Тумбаковиќ. Јовиќ во септември пријавил дека е повреден и дека ќе си оди за Мадрид, а наместо тоа завршил во станот кај манекенката и се забавувал со неа во креветот. Откако дознал селекторот, Јовиќ е избркан додека не се извини, а го нема на последните два собири кај „орлите“, ни во минатиот месец, ни сега за завршницата од евроквалификациите.

-Лука збеснал кога дознал дека станот во кој живее Софија ѝ е подарок од бившиот дечко Адем Љаиќ. Таа го премолчела тоа и не му кажала ништо околу тоа, ама капката што ја прели чашата беше објавувањето по медиуми и признанието на Софија дека е во љубовна комбинација со Лука. Таа всушност испратила по медиумите заедничка нивна фотографија и потоа нашироко зборувала за тоа. Лука за ова збеснал па ѝ рекол: ‘Нема да доволам да правиш будала од мене’. Инаку, Лука ја предупредил пред да влезат во врска дека не сака да го има по медиуми, но Софија не го послушала и објавила сè за нивната врска. Се обиде и да се вади на медиумите, дека тие се виновни, но Јовиќ ја – избрка од својот живот, рекол близок пријател на фудбалерот за српските таблоиди.

Според изворот, Јовиќ експресно ја избришал Милошевиќ од Инстаграм, а сега кога дошол во Белград во кафеана го славел раскинувањето.

-Лука и Софија раскинаа во четвртокот, а во саботата тој ја избриша од Инстаграм. Потоа и Софија го избриша Лука, а од саботата Јовиќ е во Белград, каде веднаш го викнал друштвото во ресторан за да им раскаже детално за раскинувањето, а потоа во кафана го прославил сето тоа со старото друштво, додава изворот на таблоидите.

 

Извор: Спорт1

Најнови вести